Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Гран-при за кореографијата на Саша Евтимова во Полска

2011-11-14
Македонската делегација предводена од кореографката Саша Евтимова, вчера, 14.11.2011 г., на доделувањето на наградите на петтото по ред издание на Меѓународното натпреварување за кореографија во Лоѓ, Полска, ја освои гран-при наградата во конкуренција на 14 натпреварувачи од цела Европа.

Саша Евтимова заедно со нејзините колеги од МОБ, Биби Басмаџиева, Бобан Ковачевски, Трајче Стојковски, и Игор Веланоски се претставија со делото „Гив ап д гоуст“ (или во слободен превод „Испуштање душа“) со кое го водушевија жирито (чијшто член беше и Гркот Алкис Рафтис) кое едногласно одлучи да им ја додели гран-при наградата. Тимот кој иако беше осиромашен за одличната Мими Поп-Алексова која не присуствуваше поради повреда сепак успеа да покаже дека е чекор пред својата европска конкуренција.

Овој голем успех на нашата истакната кореографка е уште еден доказ за квалитетите на нашите балетски уметници за кои, до сега, ниту еден друг медиум не се ни потруди да извести. Се надеваме дека ова ќе биде поука во иднина повеќе да се вложува во македонските уметници, да им се доделуваат повеќе средства во облик на спонзорство и македонските медиуми повеќе да се интересираат за нивните настапи. Жално е кога кога уметници од светски калибар, за што е доказ главната награда на ова престижно натпреварување, треба да се спонзорираат од свој џеб како најголеми ентузијасти, а други далеку понеталентирани анонимуси да имаат средства и спонзори на располагање, а да не прават ништо. Мецени на уметностите - разбудете се!

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]