Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Крушево - етно град (репортажа)

2011-07-06
Честопати, како и за многу работи, така и за нашата преубава татковина - Македонија, забораваме со што се' не има благословено мајката-природа и ги земаме работите здраво за готово. Една од работите, поточно во конкретниов случај, едно од местата кое постојано го заборавам и изоставам од мојот список на места кои треба редовно да си ги посетувам е Крушево.

Едноставно кога ќе размислам каде сакам да отидам на викенд или на прошетка, првите места кои ми паѓаат на памет секогаш се Струга/Охрид или се' што е најблиску до Скопје. За среќа, по некоја случајност, имав можност службено да поминам три дена во Крушево за да доживеам еден вид на откровение и да ги отворам очите пред беспрекорните убавини пред кои и боговите би се поклониле и би замолчиле.

Да, Крушево ме замолчи и ми го врати мирот кој толку долго ми требаше и ми недостасуваше. Толку силно влијание имаше овој град врз мене во последниве два дена што навистина не знам од каде да почнам. Но, еве ќе се обидам, во кратки црти, со малку зборови и многу фотографии, да ви го доловам чувството по еден невообичаен редослед.

Крушево - град на кучиња! Да, да, тоа е една од карактеристиките кои би му ги препишал на овој преубав град. На секој чекор, каде и да се свртиш никнува по некое слатко кученце. Едноставно не можеш, а да не бидеш воодушевен од луѓе од еден град кои сакаат кучиња. Со тоа човек ја сфаќа топлината на овие граѓани.

Не само град на кучиња, туку и општо, град на секакви видови животни, меѓу кои воопшто не е невообичаено да видите и по некој натоварен коњ или коњ што слободно шета покрај вас и си пасе на мира.

Следно нешто што ме импресионира беа луѓето, нивната топлина и архитектурата. Вредни, трудољубиви и максимално искулирани, крушевчани нема, во никој случај, да ви остават лош впечаток, бидејќи се радуваат на присуството на гости, без разлика од каде и да се.

Секако, морам да ја пофалам и храната, која во хотел Монтана беше навистина неверојатна. Едноставно се гледа кога нешто се подготвува на традиционален начин и со многу љубов.

Секако, Крушево не би бил Крушево, без неговите најважни културно-историски обележја.

Секако, Крушево останува запаметен како градот на нашата најпозната македонска музичка ѕвезда, големиот Тоше Проески! Во прилог следуваат слики од гробот и спомен куќата на големиот музички великан. Слики од внатре од спомен куќата нема да видите, бидејќи внатре, со право, не е дозволено да се слика, а дефинитивно вреди да се влезе за што ќе платите една симболична цена од 60 денари.

И за крај, се разбира, поздрав од Крушево!

Владимир Ристевски

6 јуни, 2011 год.

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]