Следете нé или притиснете Escape

Наслов

Студентите од Гоце пак ли ги заборавивме?

2015-06-03
Време поминува, а некои работи едноставно не се менуваат. Условите за живеење во студентскиот дом „Гоце Делчев” на пример. Да, уште е хорор.

Помина година и кусур откако објавивме за „Студентскиот дом на хоророт” и откако веста за условите за живеење во студентскиот дом „Гоце Делчев” го заобиколи светот (претежно во форма на мемиња на споредба со скандинавски затвори), а работите никако да се сменат или подобрат.

Според најнови информации кои ги добивме од студенти од домот, а кои сакаа да останат анонимни од објективни причини, веќе месец дена не работи лифтот што е доста проблематично, особено ако се земе предвид дека се работи за зграда со 14 спратови!

Остатокот од пораката ви ја пренесуваме во целост како што ја добивме:

Во студентскиот дом Гоце во Тафталиџе веке еден месец нема лифт, а зградава има 14 спрата. Одиме во управата, прашуваме за лифтот, али нема никаков одговор. Ќе дојдат мајсторите, ќе го поправат малку и за еден ден пак нема, па ајде уш една недела чекајте без лифт, а треба да се иселуваме како ке ги симниме куферине надолу по скали. Ве молам споделете за да се превземат некакви мерки.

 

Еве ви слика од лифтот. Плус тоа, нема топла вода во зграда Г, во мензава нема ништо за јадење, во продавницата со бонови нема ништо за купување... Битно нека имаат таблети студентите, а не е битно со пешачиме по 14 спрата и немаме вода да се искапиме. Поздрав. Сметам дека за ова не смее да се чека, туку веднаш треба да се сподели да се види што се случува со ДРЖАВНИТЕ студентски домови. Немало пари за лифтаџиите. Фала!

Психотичен Ум

Писател (во најава), колумнист, преведувач, толкувач, вљубеник во маркетинг, поддржувач на се' што е добро, ловец на #mkfail моменти, боем, трол...

СЛЕДЕТЕ НÈ

[quote][url=https://www.facebook.com/failmkd?fref=ts]Fail.mk[/url][/quote]
[quote][url=https://www.facebook.com/prochitajpovekje]Прочитај повеќе[/url][/quote]